На Честер секоја прошетка му е потенцијална опасност и може да му се случи невозможното. До сега 12-годишниот мелез поради несреќни случаи имал девет  операции, загубил неколку заби, ја скршил коската во опашот и го изместил рамото. Сопственикот Џим Кокбрн (50) од Велика Британија го набавил во 2004 година од центарот за незгрижени животни.

-Кога го здогледав за прв пат потрча накај мене. Му велев да застане, но се залета и за малку не ме падна на земја.-изјавил Џим.


Трчајки за топката во една прилика, му заглавила шепата во багажот на автомобилот. Пожарникари морале да интервенираат.

-Во најмала рака, ќе падне по скали. Барем еднаш неделно. Се однесува како дете. Кога ќе падне, плаче. Му требаат прегратки и утеха, а за пет минути ќе ја направи истата глупост – додава.

Откако си го исекол стомакот на оградата која ја прескокнувал морале да го оперираат за да му го спасат животот. Џим мисли дека Честер има проблеми со видот, а ветеринарите тврдат дека боледува од Алцхајмерова болест.