Малата Македонија, сега е голема во очите на фаворитите за пласман на Европското првенство кои соочени со неуспех во квалификациите кројат разни конструкции кои не ретко и немаат врска со фудбалот.

Така англичаните се гневни затоа  што цитирам „земји од третиот  свет“ ќе одлучувале за нивната судбина и евентуален пласман на ЕП, алудирајќи на Македонија и Израел.  Македонија в сабота на „Градски“ (20:00ч) ја пречекува Хрватска, а Израел е домаќин на Русија. Ние треба да победиме или израелците  да  одиграат барем нерешено со Русија. Само во тој случај  англичаните би останале во игра и со евентуална победа во последното коло против Хрватска на Вембли би можеле да се надеваат на пласман на Европското првенство.

На Хрватска пак доволен и е и бод во Скопје, но евентуален неуспех, односно пораз на „Градски“,  „коцкастите„ ќе ги доведе во ситуација пласманот на ЕП да го бараат на Вембли во последното коло. Навидум Русија е во најдобра позиција која со евентуални две победи во последните две кола е сигурен патник на ЕП.

Големи фудбалски земји големи амбиции, но и малите репрезентации како нашата имаат свои сметки. Македонија против Хрватска ќе игра за себе, за сопствениот рејтинг и за чест. Веројатно не избледеле лошите спомени од „Максимир“ кога бодот ни избега во финишот на мечот, а домаќинот победата ја прослави со пцости и потценувачки зборови упатени кон клупата на Македонија. Тоа секако не може да биде спортски мотив но сигурно ќе биде причина повеќе за достоинствен отпор против фаворитот кој еднаш токму поради нас извиси од настап на големо натпреварување. Погрешно е размислувањето дека победата на Македонија не и значи ништо. И значи и тоа многу, затоа што фудбалот се игра за победа, за навивачите, кои и покрај слабите резултати во овој циклус сигурно и овој пат ќе го исполнат Градкиот стадион во Скопје до последно место и ќе го бодрат својот тим. Е токму за нив вреди да се игра, да се даде се од себе и да се победи ако е можно. А во фудбалот се  е можно.

Група E

Игр.

Поб.

Нер.

Пор.

ГД

ГП

Бод

Хрватска

10

8

2

0

25

4

26

Англија

11

7

2

2

22

4

23

Русија

10

6

3

1

16

5

21

Израел

10

5

2

3

17

11

17

Македонија

10

3

2

5

10

11

11

Естонија

11

1

1

9

3

21

4

Андора

10

0

0

10

2

39

0

Горан Момироски