Голема чест но и огромна одговорност е да се работи во пресс центарот за време едно големо натпреварување како што е Европското Првенство. Дејан Михајловски новинар на дневниот спортски весник “Македоснки Спорт“ по четврти пат е дел од организацијата на Европскот првенство. Тој е  вклучен во тимот кој е задолжен за информирање на новинарите но и во средувањето на официјални тебилтени.

Што за еден новинар претставува работата во прес центарот?

– Ова е мое четврото првенство, но прво од ваков карактер, бидејки сениорското е далеку по ериозно од она што до сега сум го работел. Бев дел од тимот кој работеше и се подготвуваше во 2003, 2007, 2008 токму за ова сениорско ЕП.


Работата во прес центарот е и своевиден предизивк за еден новинар ?

– Секој новинар сака да биде и своевиден организатор на ЕП. Одговорноста е голема но исто така голема е и желбата да се покажаме како добри организатори. Многу пати досега ние сме биле гости па сега сакаме да покажеме дека сме добри домаќини и се надевам дека тоа ќе го потврдат колегите со кои соработувавме.

Колку сте задоволни од она што го направивте ?

– Кој работи греши. Во секоја работа има тим кој соработува кој нормално се соочува со одредени проблеми. Проблемите беа ситни, а нашиот тим бо кој сме јас , Златко Крстевски, Никола Ѓуревски и Перо Момироски се обидовме сето тоа да остане во наши рамки да не излезе надвор и да не го види никој. Макотрпно работевеме во изминатите десетина дена и сметам дека може да добиеме една позитивна оценка. Но тоа секако ќе го оставиме на одговорните.


Гинтер Фистлингер одговорниот за медиа центарот од ЕХФ задоволен е од досега стработено и вели дека ова била ретка можност да се запознаат подобро бидејки во текот на двете рунди останаа во Охрид.

Работата во Охрид беше одлична, работев со одличен тим со прес центарот во Охрид. Како и секогаш на почетокот има проблеми но тие во од се решаваат. Мислам дека момците го дадоа макисмумот.

Фистлингер кој е дел Европското првенство беше воодушевен од Охрид кој имаше време во овие десетина дена да го прошета и разгледа в долж и попреку.

М.Постоловски