Годинава светиот крст во Струга заврши во рацете на Никола Кутаноски. Триесет и пет годишниот тренер по пливање и триатлон ноќеска сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим.

Дестти пат скокам по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа. Со таа цел дојдов и со таа цел скокав, изјави Кутаноски.

Тој беше најсреќниот меѓу стотиците капачи кои денес околу 11 часот скокаа по крстот во реката Црн Дрим, по завршувањето на чинот на осветувањето на водата.

OhridNews