Чешката селекција приреди мало изненадување во првиот елиминациски круг, победувајќи ја Холандија со 2-0, на Националната арена во Букурешт. Чешка е трета селекција помеѓу топ 8. Претходно, билетот го чекираа Италија и Данска, која е ривал на Чешка во 1/4 финалето.

Фудбалерите на Чешка одиграа маестрален тактички натпревар, неутрализирајќи ја големата и непогрешлива Холандија. „Лалињата“ неможеа да најдат одговор за бедемот пред голот на Чешка. Во првиот дел мрежите мируваа. Возбудувањата во вториот дел започнаа со црвен картон, кој го доби Матијас де Лихт во 55-та минута. Чесите играчот повеќе го валоризираа во 68-та минута кога Томас Холес погоди за 1-0. Холанѓаните фрлија се на нападот, но тоа не вроди со плод. Чешка сите дилеми околу победникот ги реши во 80-та минута со вториот гол во мрежата на холанѓаните. Стрелец беше Патрик Шик.

Чешка во 1/4 финалето ќе ги одмери силите со Данска, додека Холандија генерално имаше неуспешен кам бек на ЕП, бидејќи паузираше и го пропушти континенталниот собир во 2016 година во Франција.

OhridNews