Во репризата на финалето од сезоната 2001-02  екипата на Кометал беше поразена од ФТЦ во Будимпешта со 31:28. Дванаесетиот настап во лигата на шампионките “кометалки “го започнаа со пораз во Унгарија. Без повредената Наукович уште на стартот беше очигледно дека
ќе биде тешко. Работата во голема мера за унгарките ја олесни чешката судиска двојка Кохрат и Новак кои во 20 минута и  покажаа, сосема непоравдано, црвен картон на Јелиз Озел.

Во една таква игра на одмор домакинките заминаа со +3 (14:11). Во продолжението младиот тим на Кометал се созеде и преку најрасположената, бразилката Едуарда Аморим (11 гола) стигна до 27:26, но тогаш до израз дојде неискуството на македонскиот шампион. За жал  тоа го искористија домакинките кои на крајот триумфираа со 31:28 .

Пропуштена е одлична можност да се освојат првите бодови во групата, бидејки за пласман во нокаут фазата ке требаат бодови од гости, а токму Будимпешта беше таква шанса, поготово ако се знае дека во нашата група уште се Хипо и Шлагелсе .

Следниот натпревар Кометал го игра во Кале на 14.01 против Шлагелсе.

Мирко Постолоски