Една група студентки од Чешка отворила агенција за чистење која нуди услуги на „голо“ чистење на куќи и станови. Девојките поради кризата останале без своите работни места и се одлучиле на овој потег. Куќите и становите ги чистат по долна облека или потполно голи и освен тоа не врат никакви сексуални услуги. Еден час чистење го наплатуваат по околу 200 евра.


Велат дека им требала работа, не можеле да најдат, па се одлучиле на овој потег. Во агенцијата работат и неколку момчиња, а истата за сега брои 15 вработени. Нивни најчести муштерии биле богатите бизнисмени кои сакаат да се опуштат гледајќи како некој им го средува станот по долна облека.