Во рамките на програмата и активностите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, деновиве во Охрид престојуваа група новинари од Чешка, кои имаа можност да ја запознаат Македонија како потенцијална туристичка дестинација и како таква да ја претстават преку медиумска кампања на Чешкиот туристички пазар.


Охрид го посетија и група новинари од Финска. Тие беа предводени од претставник на туроператорот Ауринкоматкат, како медиумска поддршка за чартер летот Хелсинки – Охрид кој треба да се реализира идната година.


Освен Охрид, новинарите ги посетија и Скопје, Маврово, Струга, Битола и Тиквешкиот регион.

Ohridnews