Поранешниот репрезентативец на Чешка и член на Фиорентина и Вест Хем, Томаш Репка ќе лежи 15 месеци во затвор поради превара.
Судот во Прага го прогласи за виновен Репка кој продал луксузен автомобил кој го имал изнајмено и не бил во неговата сопственост. Во договорот потпишал дека ќе ги врати парите на купецот ако се потврди дека автомобилот не е негов но тоа тој не го направил.
Репка не е прв пат да има проблем со законот. Минатата година легедарниот чешки фудбалер бил осуден шест месеци во затвор за продавање на сексуални услуги во името на неговата сопруга. Казната после судењето била промената во општенствена корисна работа. Во неколку наврати Репка бил исклучуван од сообраќај поради управување во алкохолизирана состојба.
OhridNews