Вечерва на
програмата на фестивалот Охридско лето, со почеток во 21 часот во црквата Св.
Софија е предвиден настапот на Гудачкиот ансамбл од Чешка предводен од
познатиот виолонист Вацлав Худечек.  


Бароццо Семпре Гиоване е камерен ансамбл кој се
состои од врвни млади професионални музичари. Ансамблот е специјализиран за
музика од периодот на Средниот барок, но не ги избегнува другите стилови.
Ансамблот е основан во 2004. Веќе има настапувано на многу значајни концерти и
е канет на фестивали во Чешка и странство. Ансамблот соработува со познати
солисти, како и со голем број инзвонредни млади музичари – претежно победници
на меѓународни натпревари.  



Вацлав Худечек го започнал своето патување кон чешката и светска
изведувачка елита во 60-те. Со 15 години, настапил на концерт во Лондон со
Кралскиот филхармониски оркестар. Еден ден подоцна, легендарниот Давид Ојстрах
го слушнал и му претскажал голема иднина. Ојстрах му ја понудил својата
педагошка помош. Од неодамна, систематски помага на новата чешка генерација, на
годишните виолински летни концерти во Лухачовице, како и со нивно презентирање
како гости на неговите божиќни концертни турени или на музички фестивали
организирани од него. Во 2007, му е доделено признание од Претседателот на
Чешка, Вацлав Клаус, преку „Националната награда за достигнувања во областа на
културата и уметност“.


Ohridnews