Раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски и советникот Ангел Јанев, остварија работна средба со директор на чешка компанија за производство на медицинска опрема. На средбата се разговараше за можната соработката на чешката компанија со здравствените институции во градов, откако претходно беше остварена средба во Министерството за здравство на Република Македонија.

Претставниците од чешката компанија изразиле подготвеност да донираат медицинска опрема за охридските болници, а истакнаа дека одржувањето на инсталираната опрема и софтверот за истата, би можело да го преземе и локална фирма од градов. Од локалната самоуправа истакнаа дека локалната самоуправа може да помогне околу организирањето на презентацијата на компанијата во Охрид, по претходна прецизна агенда што треба да ја достави Чешката компанија. Се очекува во текот на месец мај, компанијата да ги претстави своите производи на здравствените институции во градов.

OhridNews