Еден од главните виновници за сите успеси на Металург, Лино Червар најави заминување од Автокоманда по завршувањето на сезоната или порано во зависност од состојбата во клубот.
Петкратниот ракометен шампион во Македонија го снајде финансиска криза по која заминаа сите играчи кои беа темели на успесите.
– Со Металург два пати дојдовме до четвртфиналето во Лигата на шампионите. Имаме тим кој 80 проценти го сочинуваат млади играчи. Но, сепак, има проблеми со парите. Мисла дека нема уште долго да седам на клупата на Металург. Можеби ќе си заминам и пред крајот на сезонава, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. – изјавил Червар за хрватскиот медиум „24sata.hr“.
Червар тренерската палка во Металург ја презеде во 2009 година, а во шесте години клубот го одведе два пати во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
Ohridnews