Во центар на вниманието е тренерот на Металург, Лино Червар кој седум години го водеше Загреб КО. Со хрватот на клупата Загреб освои седум титули во лигата на Хрватска, и еднаш играше во финалето на КПК, по поразот од Шамбери, Червар ја напушти клупата.
– Загреб е задоволен со овој ждреб, тие потајно не посакуваа. Пласманот во најдобрите 16, за нас преставува огромен успех и награда за две годишната работа. Каков тренер би бил јас ако речам дека ова е доволно, во мојот тренерски речник не постои зборот “доста е“, секогаш може подобро – истакна Червар за хртватскиот интернет портал Индекс.
Првиот натпревар помеѓу Металург и Загреб ќе се игра во Скопје, а точниот датум на мечот нахнадно ќе биде одреден. Реванш дуелот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони е во салата “Арена“ во Загреб.