Ракометарите на Металург на миниподготовки во Охрид дојдоа на инсистирање на тренерот Лино Червар. Хрватскиот „изборник“ слушал многу убави зборови за македонскиот бисер крај Охридско езеро поради што сакал лично да се увери во истите.


Охрид многу ми се допадна. Ова е прекрасен град и вие треба да бидете многу среќни што живеете овде – изјави Червар.

Улогата на водич во таборот на Металург во изминатава недела ја имаше стружанецот Наумче Мојсоски, кој со задоволство прифатил да им ги прикаже сите убавини на Охрид на своите соиграчи.

Има многу работи кои вредат да се видат во Охрид. Во нашиот тим има Срби, Хрвати и Словенци, кои досега само слушале за преубавите цркви и манастири во овој град, како и за Самоиловата тврдина. Јас со задоволство прифатив да ги прошетам низ охридската чаршија и да им ги покажам сите убавини во Охрид– рече Мојсоски.

М.П.