Стратегот на Металург Лино Червар е оптимист и задоволен од ждрепката и противниците кои македонскиот тим ги доби за противници во овогидшното издание од Лигата на шампиони. Македонскиот вицепрвак е во Ц групата.

– Се работи за многу силна група со исклучително сериозни противници. Тука е Монпелје, кој минатата сезона играше во посилните групи, тука е вицешампионот на Шпанија, како и секогаш незгодниот руски претставник Чеховски Медведи, иако тој не е во таа сила од порано. Дел од нашата група најверојатно ќе биде и екипата на Горење, која е исто така противник по мерка. Сепак, и покрај тежината на групата, јас сум оптимист. Имаме млад тим, кој во најтешки услови, со паралелно играње во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата, ќе мора, го сака тоа или не, брзо да созрее и да стекне неверојатно искуство, какво што други го стекнуваат со години. Ова група е одлична за нашите млади момци, а јас очекувам многу од нив“ – изјави Червар за официјалната веб-страница на Металург.

ЛШ : Познати противниците на македонските преставници