Стратегот на македонскиот ракометен првак Металург , Лино Червар ги откри приоритетите на Металург во нвовата сезона.
– И годинава приоритетните цели на Металург остануваат исти. Сакаме најпрво да избориме пласман во топ 16 во Лигата на шампионите. Познато е дека сме во исклучително тешка група, за што и самите сме свесни. Секако дека сакаме да направиме и чекор напред во однос на минатата сезона, но за тоа е потребно да се работи многу повеќе, но и време сето тоа правовремено да се сложи. Втората цел ни е домашното првенство, каде што повторно сакаме да останеме таму каде што сме и сега – на врвот – истакна Червар за дневниот весник “Нова Македонија“.
Металург во Маврово, почна со реализација на подготвителниот план за сезонава. Избраниците на Червар до 12 август ќе работат висински подготовки во Маврово, а потоа ќе продолжат за Струга, каде што од 13 до 16 август ќе настапат на турнирот „Струга 2014“. Од 17 до 22 август екипата ќе работи на техничко-тактичка подготовка во сала, а во периодот меѓу 23 и 26 август е предвидено да учествуваат на уште еден турнир.
ohridnews