Тимот од Автокоманда во неизвесен натпревар го совлада Динамо Минск 33-29 и запишаа нови два бодови во групата од Лигата на Шампиони. Но, победата ја засени српскиот голман Дарко Станиќ, кој имаше вербален дуел со Лино Червар на средина од првиот дел.
– Тој си има проблеми, се надевам дека брзо ќе ги реши и помеѓу стативите ќе се врати во старата препознатлива форма. Јас секогаш стојам зад моите играчи така ќе биде и сега ќе го поддржам Станиќ – кратко изјави Червар без вистинско образложение за кавгата со Србинот.
Што се однесува до мечот Червар очекувал ваков развој на настаните бидејќи Динамо не е таа екипа која минатата сезона Металург ја елиминираше во 1/8 финалето.
– Знаев дека ќе биде тежок натпревар бидејќи Динамо е многу посилен од минатата сезона кога ги елиминиравме во ЛШ. Ние не одигравме многу добро, но бевме на висина од задачата кога најмногу требаше – заврши Червар.
Мх.П.