Селекторот на Хрватска, Лино Червар на дуелот со Катар не задоволството од слабата игра на ракометарите го истури на еден тајм аут кој ја разбранува спортската јавност. Поранешниот тренер на Металург гласно ги праша хрватските репрезентативци зошто играат толку, а потоа ги спореди со ракометарите на Катар кои ги нарече црнци.
Хрватска на крајот од натпреварот победи, но бесот и реакцијата на Червар на тајмаутот вечно ќе се памети. „Коцкастите“, мечевите на ЕП ќе ги играат во Линц, Австрија а во групата се наоѓаат со Србија, Црна Гора и Белорусија.
OhridNews