Екипата на Металург втора година по ред обезбедува пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Минатата сезона пречка за пласман во Ф4 беше Киелце додека сега е германскиот гигант Кил.

– Од квалификациите пак стигнавме во најдобрите осум на стариот континент што е доказ нашата макотрпна работа. Пред почетокот на сезоната ако пак најавев дека ќе бидиме тука секој ќе ми смееше в лице, но ове сме тука меѓу ракометна елита – рече Лино Червар.

Кил со пораз од Флензбург во Бундес лигата ќе допатува во Скопје, но тоа не треба да ги залажува ракометарите на Металург.

– Тоа е лошо за нас бидејќи тие на дуелот со нас ќе допатуваат „лоши“ и ќе сакаат да го покажат вистинското лице. Натпреварот со Кил се игра на посебен ден и тоа пред Велигден затоа нека биде празник за сите во Македонија – додаде Червар.

Натпреварот се игра в сабота со почеток од 18:30 часот во спортската арена „Борис Трајковски“.

Мх.П.