Искусниот хрватскиот ракометен стручњак Лино Червар има секогаш да каже нешто ново и секое ново интервју е приказна за себе. Така тренерот на Металург за интернет страница „balkan-handball.com“ ја отвори душата за ривалството со Вардар, за победата на неговите момци против Барселона, за групата во ЛШ и за ракометот во Македонија.

– Ентузијазмот е многу важен. То е сега веќе изгубено околу нас, а некогаш беше приоритет. Ентузијазмот е моќ то е концетрација и внатрешна снага – вака го започна разговорот Червар.

Металург трета година во низа обезбедува пласман меѓу ТОП 16 екипи во Европа, а минатата година стигна и до осумте најдобри.

– Се говореше дека нашата групата е „групата на смрта“. Кога ги имаше ПСЖ и Барселона пред тебе се подготвуваш само за порази. Размислуваш на Динамо кој имаше 11-12 нови ракометари, Вардар кој обезбеди директен пласман во ЛШ по осојувањето на титулата во домашниот шампионат. На половина од натпреварите во групата останавме без Наумче Мојсовски,а претходно и без квалитетни ракометари на клупа откако заминаа Козлина, Додер, Батиновиќ кои ги делеа минутите со останатите соиграчи. Пред стартот на мечевите од групи да прогнозиравме дека ќе се бориме за втората позиција сите ќе не направеа луди. Но, да ја победиш Барселона, а ПСЖ за малку два пати е нешто што треба да не прави горди. Цела Европа гледаше како ја надигравме Барселона, а тие секако сакаа да не победат. Секој тренер после таков резултат ќе биде горд. И да не се пласираме во најдобрите осум, со победата над Барселона ние го изедначивме успехот од минатата сезона – рече Червар.

Во последната рунда Металург пред своите гледачи ја совлада Барселона и им ја запре импозатната серија на каталонците од 39 меча без пораз.

– Триумфот против моќната Барселона ми е многу драг. Тешко некои играчи поднесуваат пораз од мали екипи бидејќи тие се платени со астрономски плати и имаат милионски буџети, а тогаш дојде некој Циндриќ и да ти „ували“ седум погодоци. Тоа не е едноставно. Во составот го имав Филип Миркуловски, кој е енигма. Делува како да нема сила, а тој има две срца голем борец, секоја чест за него. Тука е човек кој е пред залезот на кариеарата Ренато Вугринец, кој игра како препоредн и е во животна форма – потенцираше Червар и додаде : Така спортот праќа пораки. На првиот човек од Барселона нема да му е драго дека вака зборувам бидејќи испаѓа како тој залудно да ги вложил тие пари, но во спортот се можа да се оствари ако напорно се работи. Тоа е суштината во пораката.

Со доаѓањето на Сергеј Самсоненко во Вардар, клубот веднаш се засили со квалитетни ракометари и стана ривал на Металург во сите полиња.

– Го почитувам тој клуб. Тој се базира на друга основа, но имаат иста цел како нас. Секогаш им давам поддршка и многу ми е драго што заедно нас обезбедија пласман во следната фаза од ЛШ. Двата клуба имаа спротивен концепт на работа. Тие носат странски засилувања кои се проверени ракометни имиња а ние имаме 70% ракометари кои потекнуваат од Македонија. Сакам да ги донесат најдобрите ракометари на светот. Па тоа за мене ќе биде голем предизвик. Кој треба да биде мојот одговор да донесам и јас врвни ракометари па да се натпреваруваме. Не. Јас моите детски соништа ги остварив со освојувањето на златниот медал на СП со мојата селекција, а да ме паметат уште еднаш се погрижив со победата над Барселона, екипа која е составена од шампионски мозаик од млади и искусни ракометари – посочи Хрватот.

Данскиот Колдинг е противник на Металург во првиот круг од елиминациската фаза од Лигата на Шампиони. Според тренерот на „металурзите“ данците се фаворити, а Металург стрпливо ќе ја чека својата шанса.

– Воопшто не паѓам на тие тези дека може да биде лесно со данскиот првак. Цврсто стојам на земја. Знам против кого играме, и знам дека не сме фаворити. Секогаш постои можност за победа и мораме позитивно да мислиме. Верувам дека со борбеност, дисциплина и со здрав Павел Атман дека може да се бориме за пласман меѓу најдобрите осум. Во нивниот состав се Хвит, Бусен, Спелерберг, Рокас, Карлсон и Јоргенсен кои и тоа како имаат квалитет и ни станува јасно со кој ќе се сретнеме. Но ние против ПСЖ во гости покажавме оти можеме да се носиме со секого и никогаш не се обезвреднуваме. Нашите недостатоци ги претвараме во мотив – заклучи стратегот на Металург.

На мечот со данскиот првак, кој се игра во Скопје на 23 март, Червар очекува поддршка од цела Македонија и македонска јавност.

– Пак ќе направиме празник на спортот во Македонија. Ќе дојдат луѓе од Скопје од цела Македонија. Ние сме клуб од Македонија и за македонците. После германски Кил сме најгледана екипа на Европа, имаме 3 500 сезонски билети и за 20 минути ја распродаваме цела сала. Имаме најмал буџет од сите учесници во завршната фаза, но имаме големо срце. Ние сме стабилна екипа и секогаш се потпираме на мотивот „работа и само работа“, и затоа победите ни го красат нашиот труд – заврши Червар.

Мх.П.