На прес конференцијата за мечот од Лигата на Шампиони помеѓу Металург и Брест Мешков повеќе се говореше за проблемите на македонскиот првак, отколку за натпреварот од кој многу работи ќе зависат за Металург во иднина.
Претседателот на „металурзите“ Левче Китевски се изјасни околу шпекулациите околу заминувањето на хрватскиот стручњак Лино Червар по завршување на оваа полусезона.
– Нема никаква вистина дека Червар ќе замине иако некои медиуми го пишуваа тоа. Ние сите заедно бараме начин да излеземе од кризата и да го вратиме Металург на старите патеки – рече Китевски.
Со принципиелноста и начинот на работење Червар стана заштитен знак на Металург и заедно со играчите испишаа историски лист во македонскиот клупски ракомет.
Мх.П.