Составот на Металург на мегдан со Киелце патува без повредените Дамир Батиновиќ и Миладин Козлина, а на голот ќе се врати Дарко Станиќ откако делумно ја залечи повредата на ребрата.
– И покрај сите проблеми што нѐ следат со повредените играчи, сите во клубот позитивно размислуваме. Ако сакаме да успееме во Киелце, ќе мораме да одиграме двојно подобро отколку на првиот меч. Како и да е, нема предавање, ќе се бориме докрај – рече Червар, а пренесува “Нова Македонија“.
Натпреварот во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони се игра в недела со почеток од 16 часот.