Во пресрет на утрешниот натпревар од регионалната СЕХА Гаспром лига, помеѓу екипите на Вардар и на Металург, шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, истакна дека тоа ќе биде натпревар како и секој друг, но фаворитската улога му ја препушти на Вардар.

“Ова ќе биде натпревар како и секој друг. Но, ќе биде интересен и убав предизвик и за екипите и за публиката. Вардар е тим за кој треба убаво да се зборува. Без разлика што го совладавме во Струга, тој е во улога на фаворит оваа сезона“, вели Червар.

Червар истакна дека за маеталург овој натпревар ќе биде добра проверка пред настапите во Лигата на шампионите, како за поискусните играчи, така и за помладите, кои ќе имаат уште една можност да се пробаат против силен противник.

„Ќе направиме добра комбинација и сите ќе имаат корист од оваа средба“, надополни стратегот на Металург.

OhridNews