Екипата на Металург три пати го совладуваше Охрид сезонава, а нивниот последен дуел ќе се одигра в сабота во 18 часот во „Билјанини Извори“ во рамките од седмата рунда од плејофот во Супер лигата.
Металург е една трите екипи сезонава која успеа од Охрид да го однесе целиот плен. Исти таков учинок им треба и овој пат за продолжување на трката со Вардар за титулата.
– Го респектирам и почитувам Охрид како и сите клубови во Македонија кои имаат амбиции еднакви на охридскиот. Имаат одличен колектив, нивни заштитен знак е домашниот терен, затоа задача ќе биде уште поголема и потешка. – рече Лино Червар и додаде – Наша главна цел сезонава во Супер лигата е враќање на првите две позиции на табелата. Тоа ќе ни овозможи да играме во регионалната СЕХА лига и Лигата на Шампиони.
Натпреварот со Охрид е прв за Лино Червар со двојна улога во македонскиот ракомет откако тој беше промовиран за селектор на Македонија.
Назначувањето за селектор на Червар на Македонија мотив повеќе за охридските „гладијатори“
Мх.П.