Хрватскиот стратег на клупата на македонскиот првак, Лино Червар не го криеше огормното задоволство по триумфот над Горење со 30-23 во “Борис Трајковски “ во вториот меч од Лигата на шампиони.


– Им благодарам на сите, пред се на оваа одлична публика која не бодреше, како и на мојот тим кој одигра феноменален меч. Одигравме мошне интелегентно во одбраната, итро во нападот, но и ги имавме Станиќ и Ангелов на голот. Ваквата комбинација едноставно беше добитна – потенцираше Червар, по завршувањето на мечот.

По оваа победа, македонскиот првак со четири бода е на врвот на табелата во групата.

М.П.