Новонастаната ситуација во Металург добива нова димензија откако хрватскиот стручњак за хрватските медиуми истакна дека и тој како играчите нема земено плата.
– Бев шокиран и во тие околности не можев да зборувам. Обвинет сум дека ги гледам своите интереси, а јас како тренер правев се играчите да ги добијат заработените пари. Повеќе гледав на нив отколку на себе. Мене ме нападнаа дека ги гледам само своите интереси, а јас година и пол не сум земал плата и продолжив да работам за доброто на клубот – рече Червар.
Македонскиот ракометен првак моментално се соочува со најголемиот предизвик во историјата за застанување на прави и здрави нозе.
– Со овој клуб освоив пет трофеи и сме меѓу осум најдобри клуба во Европа. Се прашувам само како сето тоа сме го направиле ако јас продавав натпревар – заврши Червар.
Мх.П.