Со пласманот во четвртфиналето во Лигата на Шампиони, Металург го повтори минатогодишниот успех кога беше дел од ТОП 8 фазата. До таму „металурзите“ стигнаа благодарание на „двојната“ победа во 1/8 финалето против Данскиот првак, Колдинг.
– Прво да им честитам на ракометарите од Колдинг за добрата и фер игра. Јас сум многу среќен. Против Колдинг покажавме квалитетен ракомет, особено на стратешки план. Мојот тим играше разумен ракомет и многу сум горд на него – рече хрватскиот стратег по завршување на мечот.
– Беше многу убаво чувството да се игра за Металург на дуелот со Колдинг. Одигравме многу добра одбрана како и напад во текот на двата натпревари. Ќе имаме доволно време да се одмориме и што подобро да се припремиме за четвртфиналните натпревари во ЛШ – потенцираше Манасков.
Мх.П.