– Ова долго време го сонував, а после четири години тоа се исполна и се пласиравме меѓу осумте најдобри во Европа – рече Лино Червар за историскиот пласман на Металург во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони и додаде – Ова е доказ дека малите екипи можат да направат големи резултати. Мене многу ми е мило затоа што и јас доаѓам од мал клуб, а заедно со Металург достигнавме врвни резултати.

Металург во 1/8 финалето го елиминираше Белорускиот првак, Динамо Минск победувајќи го во два наврати. На гостински терен “металурзите“ славеа со 26-23 додека шестилјадната публика Станиќ, Мојсоски, Вугринец, Миркуловски и останатите ја почестија со маестрална партија и победа од 24-22.

– Нема што многу да се каже, пресреќни сме. Сега треба да славиме, сите заедно, а од утре ќе размислуваме за следниот противник, како и за предизвиците што ќе следат –
потенцираше Вугринец.

Мх.П.