Лино Червар, тренерот на Металург, договорил продолжување на договорот на дополнителни четири години, што значи дека тој во тимот од Автокоманда ќе остане до 2017 година.

Со потпишувањето на новиот договор, Металург и хрватскиот стратег ставија крај на сите шпекулации дека по загубената шампионската титула тој ќе си замине од екипата.

Червар во Металург пристигна во 2009 година, освои три последовни шампионски титули, а успешната низа во штотуку завршеното првенство му ја прекина најголемиот ривал Вардар.

Исто така, Металург во две последовни сезони постигна забележителни резултати во Лигата на шампиони, најпрвион во сезоната 2011/2012 екипата стигна до осминафиналето, а потоа во сезоната 2012/2013 Металург се пласираше во четвртфиналето.

Следно што го очекува раководството на Металург е продолжување на договорот со Дарко Станиќ, најдобриот голман во Лигата на шампиони, побарал гаранции дека тимот и во следната сезона ќе има високи амбиции.

“Макфакс“