Во хаосот кој го зафати македонскиот ракометен првак Металург свое видување даде и хрватскиот стратег Лино Червар. Тој беше еден од главните виновници за успехот на Металург во Македонија и Европа.


– Многу ми е тешко, пет години создававме клуб на меѓународна сцена, два пати бевме меѓу најдобрите осум во Европа, со убедливо најмал буџет во тоа одбрано друштво. Ситуацијата е таква каква што е, финансиските проблеми се големи, а, и да имаме пари, на пазарот нема избор на играчи кои би ги довеле. Планот ни беше младите играчи полека да созреваат, а сега се соочуваме со ситуација тие да бидат фрлени во оган, но верувам дека можеме да извлечеме максимум од нив. Синоќа не можев да спијам, тешко ми е, го сакам клубот, знам како им е на луѓето што не поддржуваат. Тешко е да се изгради една екипа, треба да мине многу време. Додека постои клубот, ќе сторам се за да помогнам, да ги кренеме овие деца што ќе играат, за да израснат во ракометари. На сите ни е тешко, но тоа е животот – рече Червар, а пренесува официјалниот сајт на Металург.

Речиси сите првотимци заминаа од Автокоманда и судбината на клубот „остана“ во рацете на младинците кои ќе го понесат целиот товар.

Мх.П.