Македонскиот ракометен шампион Металург в недела против Загреб на домашен терен ќе ја заврши најслабата сезона во Лигата на шампиони.
Противник на младите ракометари од Металург е составот на Загреб, кој го предводи поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.
– Секогаш го почитувам тренерите и противниците, а така ќе биде и сега кога мојот некогаш ривал ќе пристигне во Скопје. Со Вујовиќ бевме тренери на најдобрите балкански екипи, но сега е друга ситуацијата. Јас имам послаба екипа, но сепак би лажел ако речам дека несакам победа и никогаш не би потпишал пораз однапред. – рече Лино Червар.
Сезонава во Лигата на шампиони „металурзите“ имаа една победа, едно реми и седум порази и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Ohridnews