Една љубопитна американка ја копкало тоа што на фејсбукот на нејзиниот сопруг пишувало дека е во „комплицирана врска“. „Истражувајќи“ понатаму по профилот, дознала дека тој е во прекомплицирана врска. Шокираната жена пронашла фотографии на сопствениот сопруг од неговата свадба со друга жена. Љубопитната сопруга најмила приватни детективи кои откриле дека нејзиниот сопруг тајно се венчал во декември минатата година.

Но, тоа не е се! Вистинскиот шок следел кога откриле дека Дарнел се оженил уште два пати, а серијата венчавки почнала во далечната 1988 година. Секоја од неговите сопруги живее на спротивни краеви од Северна Каролина во САД. Дарнел бил уапсен во средата, но, колку што е познато, полигамистот не открил уште колку жени „крие во ракавот“.