Актерот Ченинг Татум бил прогласен за најсекси маж од списанието „Пипл“ за 2012 година. Татум кој од 2009 година е во брак со актерката Џена Деван-Татум рекол дека неговата прва помисла била дека се шегуваат со него.
Акерот е познат по улогите во филмовите „На тајна задача“, „Драги Џон“, „Завет“, „Магичниот Мајк“ и многу други. Својата сопруга ја запознал на снимањето на филмот „Чекор напред“, а сега биле спремни да го прошират семејството.