Американски конзорциум на чело со бизнисменот Том Боли официјално ја презеде сопственоста врз англискиот прволигаш Челзи, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Фудбалскиот клуб Челзи може да потврди дека синоќа е склучен конечен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клирлејк Капитал (Clearlake Capital). Се очекува трансакцијата да биде комплетирана вo понеделник, соопшти Челзи.
Американскиот бизнисмен Боли уште на 7 мај го договори купувањето на Челзи за сума од 4,25 милијарди фунти (4,97 милијарди долари) од досегашниот сопственик Роман Абрамович.
Челзи беше во сопственост на рускиот олигарх 19 години и за тој период освои вкупно 21 трофеј, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампиони.
OhridNews