Англискиот фудбалски прволигаш Челзи понуди дури 142 милиони евра за тројца фудбалери на калчолигашот Интер – Милан Шкриниар (27), Дензел Думфрис (26) и Цесар Касадеи (19), пренесуваат денеска британските медиуми.

Најголем дел од „колачот“ се однесува на словачкиот дефанзивец Шкриниар за кого Челзи е подготвен да плати 90 милиони евра.

Холандскиот крилен напаѓач Думфрис е проценет од лондонскиот клуб на 45 милиони евра, додека премиерлигашот за младиот италијански играч за врска Касадеи е подготвен да му плати на Интер околу седум милиони евра.

Интер за услугите на Шкриниар и Думфрис плати вкупно 32.5 милиони евра.