Помалку од еден месец по назначувањето, директорот на англискиот прволигаш Челзи, Дамијан Вилоугби, е разрешен од должноста поради „непристојни пораки со сексуална содржина“, кои и ги испраќал на фудбалската менаџерка Каталина Ким.
Лондонскиот клуб денеска го потврди раскинувањето на договорот со Волоугби и соопшти дека разрешувањето стапува на сила веднаш.
Вилоугби седна на директорското столче во Челзи на почетокот на овој месец откако клубот го презеде инвестициската група предводена од американскиот бизнисмен Тод Бојли.
Доказите за непристојни пораки, кои Вилоугби ги испраќал пред да биде назначен во Челзи неодамна му беа доставени на клубот и истражени од него. Иако пораките биле испраќани пред неговото вработување во клубот, таквото однесување е апсолутно спротивно со работното опкружување и корпоративната култура кои ги воспоставија новите сопственици на клубот, соопшти Челзи.
OhridNews