Трите порази во последните пет натпревари во Премиер лигата го запалија алармот на „Стемфорд Бриџ“. „Сините“, синоќа, добија лекција по модерен фудбал од Манчестер Сити кој со 3-1 славеше во дербито на колото и ја потврди кризата во лондонскиот состав.

Клупската легенда Френк Лампард кој добро ја отвори сезоната со Челси се најде под притисок. Челси на почетокот од декември месец беше лидер на табелата, но само за еден месец падна на седмата позиција, со седум бодови дефицит во однос на водечките екипи, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

 

Најдобра илустрација за моменталната ситуација во Челси е очајниот потег на Тимо Вернер. Германецот кој дојде како големо засилување во Лондон сам се повреди при изведување на корнер.

Шанса за поправен и излез од резултатската криза Челси има во ФА Купот каде силите ќе ги одмери со нискологашот Морекомб. Потоа го очекуваат мечеви со Фулам и Лестер на гостински терен, во Премиер лигата.

OhridNews