Френк Лампард може да здивне и на кратко да не се мисли за својата иднина во Челси, откако неговите избраниците со минимални 1-0 го совладаа Фулам, во лондонската пресметка на „Кревен Котиџ“.

„Сините“ до победа во Премиер лигата стигнаа после три мечеви во кои претрпеа два порази и еднаш ремизираа. Творец на триумфот беше Мејсон Маунт, кој мрежата на Фулам ја погоди во 78-та минута од натпреварот. Вреди да се напомене дека Фулам цело второ полувреме играш со фудбалер помалку, затоа што исклучен во последната минута од првиот дел беше Антон Робинсон.

Челси со скор од 8 порази, 5 нерешени средби и 5 порази и со 29 освоени бодови се наоѓа на седмата позиција додека Фулам со 2 победи, 6 ремија и 9 порази е осумнаестопласиран на табелата во Премиер лигата.

Во досегашните одиграни мечеви Брајтон со минимални 1-0 славеше кај Лидс, а Вест Бромвич Албион му го зеде скалпот на Вулверхемптон, победувајќи со 3-2. Вест Хем запиша нови три бодови, после минималниот триумф над Барнли 1-0.

OhridNews