Составот на Челси на домашен терен со минимални 1-0 го совлада Њукасл и се проби во горниот дел од табелата, додека Тотенхем освои само бод на домашен терен ремизирајќи 1-1 со фенерџијата Ватфорд.

„Сините“, погодокот вреден три бода го постигнаа во 73-та минута преку Марк Алонсо. Дуелот на „Стемфорд Бриџ“, комплетно помина во знакот на домаќините а само еден удар заврши во целта. Њукасл во Лондон не упати ниту еден обид кон противничкиот гол.

Тотенхем со погодокот на Деле Али се извлече од пораз и од нова бламажа пред своите гледачи. „Петлите“, ремизираа со последниот пласираниот Ватфорд 1-1. Гостите поведоа во шестата минута, а Деле Али во финишот реализираше за 1-1.

Резултати: Евертон – Вест Хем 2-0, Бурнмаут – Норвич 0-0, Астон Вила – Брајто 2-1, Челси – Њукасл 1-0, Лестер – Барнли 2-1, Тотенхем – Ватфорд 1-1, Вулверхемптон – Саутемптон 1-1, Кристал Палас – Мен Сити 18:30ч

OhridNews