Фудбалерите на Челси освоија нови три значајни бодови во трката за пласман во ТОП 4 на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Кристал Палас со 3-2. „Сините“, иако во два наврати имаа водство од два погодоци (0-2 и 1-3) на крајот стравуваат за победата. Домаќините последните минути ги одиграа во казнетиот простор од Челси, кој благодарание на присебноста и факторот среќа заминаа со целиот плен.
Во истиот термин од (19 часот) се сретнаат Ватфорд и Норвич. Мечот заврши во корист на домаќините 2-1, што значи дека Норвич и математички отпаѓа од англиската елита.
OhridNews