Екипата на Челси, претрпе убедлив пораз (3-0) на гостувањето кај Шефилд Јунајтед и под голем знак прашалник го стави пласманот во ТОП 4, кој гарантира учество во Лигата на Шампиони. „Сините“ не го започнаа мечот најдобро а казната беше два погодоци во мрежата Кепа Азирабагала. Во второто полувреме избраниците на Френк Лампард притиснаа, но Шефилд не попушти и со трет погодок ја запечати победата.
Грижите за Лампард ќе бидат (уште) поголеми ако Лестер и Манчестер Јунајтед победат во 35-та рунда и избијат пред „сините“ на табелата. „Лисиците“ играат на гостински терен против Бурнмаут а „црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд ќе се сретнат со Саутемптон.
Резултати:
Норвич – Вест Хем 0-4
Ватфорд – Њукасл 2-1
Ливерпул – Барнли 1-1
Шефилд Јунајтед – Челси 3-0
Брајтон – Мен Сити
OhridNews