Екипите на Челси и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите во една од двете полуфиналните пресметки во ФА купот.

„Сините“ пласман во топ 4 обезбедија со триумфот над Шефилд (2-0), додека „граѓаните“ славеа на „Гудисон Парк“, победувајќи го Евертон (0-2).

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Лестер – Саутемптон. „Лисиците“ во 1/4 финалето му пресудија на Манчестер Јунајтед со 3-1, а Саутемптон лесно се справи со второлигашот Бурнмаут, победувајќи го со 3-0.

  • Резултати 1/4 финале:

Лестер – Манчестер Јунајтед 3-1

Челси – Шефилд 2-0

Евертон – Манчестер Сити 0-2

Бурнмаут – Саутемптон 0-3

  • Двојки 1/2 финале:

Челси – Манчестер Сити

Лестер – Саутемптон

OhridNews