Фудбалерите на Челси стартуваа со победа во новата сезона во Премиер лига. „Сините“ во првата рунда од англискиот фудбалски шампионат го совладаа Брајтон со 3-1, полувреме (1-0).
Избраниците на Френк Лампард погодокот за почетно водство го постигнаа во 23-та минута. Жоржињо погоди од белата точка, а пеналот го изнуди Тимо Вернер. Домаќините успеаја да се вратат во игра, откако во 54-та минута за изедначување прецизен беше Леандро Тросард. Радоста во тимот на Брајтон кратко траеше бидејќи Џејмс само две минути подоцна со маестрален погодок го врати водството на Челси. Домаќините не се созедоа од новиот удар, а печат на победата стави Курт Зума со трег гол во мрежата на противникот.
Триумф во првата рунда забележа и Вулверхемптон. „Волците“ со 2-0 славеа против Шефилд.
OhridNews