Ливерпул и Манчестер Сити со победи на домашен терен над Ватфроди (5-0) односно Вест Хем (1-0) ја продолжија мртвата трка за титулата, додека Челси најде излез од кризата и ги израдува сопствените навивачи со триумф над Тотенхем (2-0).

„Црвените“ на Енфилд со убедливиот триумф против Ватфорд покажаа дека мечот на Олд Трафод бил лош ден. Домаќините на крилата од Садио Мане во првите 20 минути постигнаа два погодоци. Во второто полувреме голеадата ја продолжи Дивок Ориги, а ја заокружи дефанзивецот Вирџил ван Дијк кој постигна два погодоци. Манчестер Сити потешко од очекувањата славеше над Вест Хем (1-0). Човек на одлука беше Серхио Агуеро кој погоди од пенал во 60-та минута.

Челси со погодокот на Педро и автоголот на Кирен Трипер го совлада Тотенхем и стави точка на турбелетниот период исполнет со слаби резултати. „Сините“ со триумфот ја продолжува битката со Манчестер Јунајтед и Арсенал за 4-то место на табелата во Премиер лигата.

Резултати: Арсенал – Бурнмаут 5-1, Саутемптон – Фулам 2-0, Челси – Тотенхем 2-0, Кристал Палас – Мен Ју 1-3, Ливерпул – Ватфорд 5-0, Мен Сити – Вест Хем 1-0.

Табела: Ливерпул 69, Мен Сити 68, Тотенхем 60, Арсенал 56, ТМен Ју 55, Челси 53 (-1)…

OhridNews