Екипата на Челси го доведе седмото засилување во продолжениот летен преоден рок, откако го ангажираше голманот од Рен, Еудард Менди.
„Сините“ за услугите на Менди во висина обештетување на Рен ќе му исплатат 22 милиони фунти. Менди потпиша петгодишен договор.
Доведувањето на Менди ќе биде сериозна закана за Кепа Аризабагала кој не го импресионираше Френк Лампард.
Покрај Менди во летниот преоден рок Челси на Стемфорд Бриџ ги доведе Хаким Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Маланг Сем, Тијаго Силва и Каи Хаверц.
Златан Ибрахимовиќ позитивен на ковид -19
Асот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е позитивен на вирусот ковид -19. Ибрахимовиќ експресно е отстранет од екипата и ставен во самоизолација. Швеѓанецот ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Бодо во Лигата на Европа, а во зависност од клиничката слика ќе биде одредена изолацијата.
OhridNews