Репрезентативецот на Белгија, Еден Азард е пред трансфер во Реал Мадрид откако Челси ја прифати понудата од шпанскиот клуб висока 110 милиони евра.

За комплетирањето и официјализирањето на трансферот остануваат уште медицинските прегледи кои Белгиецот ќе треба да ги помине во базата од „кралскиот“ клуб во Мадрид.

Азард е второ засилување за Реал Мадрид после Лука Јовиќ, кој во Мадрид се пресели од Ајнтрахт Франкфурт. Навивачите и управата многу очекуваат од Азард, кој треба да биде носител на новата екипа предводена од Зинедин Зидан на клупата.

Белгиецот тимот на Челси го засили во 2012 година од Лил. Во седумте сезони минати во дресот на Челси, Азард освои две титули во Премиер лигата, две во Лигата на Европа и по една во ФА и Лига купот.

OhridNews