Кошаркарот на Србија, Василије Мичиќ ќе остане дел националната селекција и ќе настапи на дуелот со Аргентина на Мундобаскетот во Кина покрај загубата нa неговата мајка која починала сабајлево.

Со одлуката да продолжи со настапите како ништо да не се случило, Мициќ, покажа челично срце и испрати многу моќна порака до сите спортисти и луѓе на светот.

  • Низ разговор со мене, тој одлучи да остане и да биде дел од екипата која ќе судри со Аргетнина. Тоа е голем потег за почит и поздрав. – изјави кратко селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

Србија и Аргентина во вторник (утре) со почеток во 13 часот играат за пласман во полуфиналето на Светското првенство. Мициќ и Стефан Јовиќ ја делат минутажа на позиција организиратор на игра и неговото отсуство ќе беше голем удар за „орлите“ во завршницата од СП.

OhridNews