Лоши инвестиции, растурен живот, пороци, алиментации. Ова се само дел од причините поради кои многу спортски асови останаа без своите милиони заработени на спортските борилишта.
Претставена е листата од 10 спортисти кои биле на самиот врв, имале се што ќе посакаат, а тогаш за кратко останале без се. Водечки е боксерот Мајк Тајсон. Челичниот Мајк во текот на кариерата заработил неверојатни 350 милиони евра и ги потрошил сите. За разузданиот живот на легендарниот боксер многу се пишувало, а кога ќе се види колку пари потрошил и не е чудно што се наоѓа на првата позиција.
Втор на листата е Ивандер Холифилд, кој исто така доаѓа од боксерската фела. Холифилд во досегашниот живот потрошил 200 милиони евра. Трет на листата е кошаркарот Ален Ајверсон со заработени и потрешени 180 милиони евра. Потоа следуваат НФЛ играчот Мичел Вик, кошаркарите Ентоан Вокер, Скопти Пипен, Латрел Спривел, Дерик Колман и Вин Бејкер. Листата ја заокружува тенисерот Борис Бекер.
OhridNews