Со 15 поени, пет скокови и една аситенција за 18 минути игра Ѓорги Чековски беше еден од најзаслужните за седмата титулата за МЗТ Скопје од Купот на Македонија.
– Од почетокот знаевме дека ова ќе биде тешко финале, а и така испадна да на крајот трепериме за победата. Кошаркарите на Лирија пружија достоен отпор и секоја чест за нивната борбеност кои не се предадоа кога имаа 20 поени негатива. Но, ние ја контролиравме играта целиот натпревар бевме во континуирани водство и сосема заслужено го освоивме пехарот од Купот на Македонија – рече популарниот „Станко“.
Покрај медалот од Купот на Македонија, Чековски во Охрид се закити со наградата за најдобар кошаркар во нашата држава за минатата година.
Фото : Емилио
Мх.П.