Чекот од 10 000 денари, кој гледачите во двата дена од меѓународниот кошаркарски турние не успеаја да го земат Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ќе го донира во спортска опрема за охридските училишта.

 

По два неуспешни обиди имаше во првиот ден на полуфиналните натпревари и за време на завршните мечеви. Четирите гледачи кои беа извлечени немаа среќа и не беа доволно прецизни да ја погодат целта и да заработат 10 000 денари.

Мх.П.